Дваесет и четиригодишен државјанин на Турција вчера удрил во пешак од Куманово, кој се здобил со тешки телесни повреди.
Loading...
– На 06.10.2023 во 09.20 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(24) од Р.Турција удрило во Д.Н.(62) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по несреќата Д.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Никола Ивановски