Најмалку 100 луѓе се повредени ширум Израел во саботните напади на милитантите од Газа.
Најмалку 80 лица со различен степен на повреди се пренесени во медицинскиот центар Сорока, голем медицински центар во јужниот израелски град Беер Шева, соопшти болницата.
Медицинскиот центар Каплан во Реховот, град во централен Израел, соопшти дека лекувал најмалку 21 лице повредено во саботата, од кои двајца се во тешка состојба, четворица во умерена состојба и 15 со полесни повреди.
Некои од повредените се здобиле со прострелни рани. Другите се ранети од шрапнели, соопшти Медицинскиот центар Каплан.
Засега е потврдено дека едно лице загинало, но се очекува бројот на жртвите да биде многу поголем.
На социјалните мрежи беа објавени и вознемирувачки видеа од жртвите.
Израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата Железни мечеви против Хамас по ненадејниот напад на групата рано наутро во саботата, според портпаролот на ИД.
Воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф претходно во саботата изјави дека групата започнува операција наречена „Бура Ал-Акса“ чија цел е „непријателските позиции, аеродромите и воените позиции“.
Palestine soldiers destroyed an Israel tank! 🇵🇸 🇵🇸
LONG LIVE PALESTINE ! 🇵🇸🇵🇸pic.twitter.com/P8YrlXOlKB
— ExploiterSolo (@ExploiterSolo) October 7, 2023