Младинскиот кошаркарски клуб Куманово оствари убедлива победа на првиот меч оваа сезона во Втората кошакарска лига.
Вчеравечер на домашен терен тимот го совлада составот на Тетекс ТКК со резултат 100:66, а тимот имаше убедливо водство во текот на целиот натпревар.
Најефикасен играч во составот на МКК Куманово беше Филип Стојановски со 17 поени, а зад него со поен помалку мечот го завршија Марјан Јанески и Ренато Димитриевски.
Следниот меч, МКК го игра на гостински терен против Борец Баскет.
Никола Ивановски