Најмалку 38 лица се повредени во пожарот што избувна во полициската управа Исмаилије во североисточниот дел на Египет.
Според веста на египетската официјална агенција МЕНА, во утринските часови на 2 октомври избувнал пожар од големи размери во полициската управа на градот Исмаилије.
Портпаролот на египетското Министерство за здравство Хусам Абдулгафар изјави дека на местото се испратени 50 возила на брза помош.
Абдулгафар изјави дека медицинските екипи на местото на настанот укажале на 12 повредени лица, а 26 лица, од кои 24 биле зафатени од чад, се префрлени во здравствените установи.
Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека седум од овие лица по интервенцијата се отпуштени од болница.
Во вестите во египетските медиуми се наведува дека пожарот кој од непозната причина избувнал во полициската управа Исмаилије ја зафатил целата зграда, а некои делови се уништени.
#BREAKING #Egypt A massive fire in the Egyptian Ismailia Security Directorate. pic.twitter.com/zDCsZNkmkv
— The National Independent (@NationalIndNews) October 2, 2023