148 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 148 возачи во текот на изминатиот викенд биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 148 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или 66 од нив, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

39 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 23 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 16 мотоциклисти за неносење на заштитен шлем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода неколку локации во Куманово

Сообраќајните контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски