Трамп го имитираше Бајден, луѓето врескаа од смеење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го исмеваше својот „наследник“ Џо Бајден затоа што неколку пати се сопнал по скалите за време на конвенцијата на Републиканската партија во државата Калифорнија во Анахајм.

Loading...

Во обраќањето пред толпата, Трамп рече дека Бајден не може да го најде патот надвор од сцената.

„Мислам, еј, човекот не може да се симне од сцената. Видете, еве ја бината. Никогаш порано не сум ја видел оваа глупава бина. Но, ако одам лево, има скали, а ако одам десно, има скали. И ликот се збунува и вели „каде сум јас? Страшно“, рече Трамп на овации и смеа од толпата, па дури и го имитираше Бајден.

Трамп го даде коментарот во врска со инцидентот во јуни кога Бајден се сопна со вреќа со песок додека ги делеше дипломите на церемонијата на дипломирање на Академијата за воздухопловни сили на САД во Колорадо.

Бајден, кој е најстариот американски претседател, има 80 години и се кандидира за втор мандат.

Неговата возраст и кондиција беа фактори во неговата реизборна кампања.

Доколку повторно победи во 2024 година, на крајот од вториот мандат ќе има 86 години.

За време на неговото претседателствување, Бајден беше сниман неколку пати во „незгодни“ ситуации.

Loading...

Претходно оваа година, претседателот падна додека се качуваше на скалите на авион по ненадејното патување во Украина и Полска.

Минатата година Бајден падна од велосипед додека зборуваше со новинарите во неговиот роден град Делавер.