Старо Нагоричане: Го внеле насилно во возило, го нападнале и ограбиле

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил жртва на насилно грабнување од повеќе лица кои физички го нападнале и ограбиле.

Loading...

– На 28.09.2023 во СВР Куманово, 35-годишен маж од Куманово пријавил дека на 27.09.2023 околу 12.30 часот пред угостителски објект во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, лице кое го познавал и уште неколку лица, со употреба на сила го внеле во патничко возило, по што физички го нападнале и му одзеле лични предмети и барале од него да им даде пари, по што го пуштиле да си оди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски