Дваесет и четиригодишна кумановка била приведена вчера откако била затекната при обид за кражба од приватен имот.
Loading...
– На 27.09.2023 во 08.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа била затекната при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Драган Стопаревиќ“ Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски