Едно стебло од растението канабис било пронајдено во дом на жител на селото Романовце, откако полицијата извршила претрес во објектите од куќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено на 26-ти јануари службениците вршејќи претрес во домот и просториите на пријавениот го пронашле стеблото, при што лицето било приведено.
Станува збор за скопјанец со иницијали М.Д. (31) и истиот од Секторот за внатрешни работи ќе добие кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.