Започна воената парада во Јужна Кореја, најголема во последните 10 години

Сподели со своите пријатели

Војската на Јужна Кореја ја започна својата прва голема воена парада во последните 10 години, прикажувајќи во Сеул опрема од балистички ракети до јуришни хеликоптери.

Loading...

Парадата се одржува како демонстрација на моќ, поради поостриот став на Сеул кон Северна Кореја.

Овој настан го одбележува Денот на вооружените сили на Јужна Кореја.

Парадата обично е потивка од слични настани во Северна Кореја, која под водство на Ким Џонг Ун организира паради на кои се прикажува стратешко оружје како што се интерконтиненталните балистички ракети.

За време на говорот во воздухопловната база во Сеул, јужнокорејскиот претседател Jун Сук-Јол го предупреди Пјонгјанг дека не треба да користи нуклеарно оружје и вети дека ќе ја зголеми поддршката за војската и посветените индустрии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парагвајскиот претседател хоспитализиран за време на учеството на самитот на Г20

– Ако Северна Кореја употреби нуклеарно оружје, на нејзиниот режим ќе му дојде крајот, поради силниот одговор на алијансата на Јужна Кореја и САД – рече Jун.

На денешната парада учествуваат неколку илјади војници, заедно со тенкови и самоодна артилерија од домашно производство, како и јуришни авиони и беспилотни летала.

Покрај Јужнокорејците, на парадата учествуваат и 300 американски војници стационирани во Јужна Кореја.

Loading...

Главниот настан ќе биде поворка долга два километри низ главниот трговски и деловен кварт во Сеул до центарот на градот.