Започна реконструкцијата на малиот плоштад во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Малиот плоштад во Куманово од утринава во поголем дел е ограден со заштитна мрежа и се очекува да започнат градежни активности за негова реконструкција.

Loading...

 

 

Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување пешачка зона.

Реконструкцијата, како што претходно информираше раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска, ќе се одвива во неколку фази.

 

Loading...

 

Првата фаза предвидува замена на подлогата, на урбаната опрема, канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, а акцент ќе се стави и на спомениците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга

Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да се добие целина со зоната на малиот плоштад кој потоа ќе се спои со големиот плоштад „Нова Југославија“.

 

 

За овој проект општината ќе потроши 47,5 милиони денари.

Никола Ивановски

Loading...