Илјадници луѓе вчеравечер пред Уставниот суд, денес ќе се одлучува за помилување изборен криминал (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Стотина граѓани ноќта после протестите ја минале пред зградата на Уставниот суд, каде во голем број е присутна и полицијата паркирана пред зградата на новиот театар со борбени полициски возила.

Во девет часот е започната седницата на Уставниот суд на Република Македонија на која ќе се решава по одлуката за иницијатива за измени на неколку членови од Законот за помилување со што такво право би им било овозможено на луѓе кои вршеле изборни измами, но и педофили и убијци.

 

Loading...

Protesten marsh f2

 

Против ваквата иницијатива бурни реакции испратија многу невладини организации, а граѓанското движење „Ајде“ го организираше и вчерашниот марш на кој се приклучи и опозицијата, а според статистиките на СДСМ присуствувале над 12 илјади луѓе. Демонстрантите дојдоа до зградата на Македонскиот народен театар која е само стотина метри од Уставниот суд.

Но, на протестот следуваше и контра-протест во роганизација на партијата ГРОМ, а нивните симпатизери и утринава се распоредени пред Уставниот суд. Тука се како што велат да спречат евентуални притисоци во работењето на уставните судии.

 

Z.Zaev, protesten marsh

 

Инаку Уставниот суд реши сепак седницата да биде затворена за јавноста, без образоложение за ваквата одлука, иако по Закон ваквите седници се секогаш отворени за јавноста и тоа загарантирано според членот 83.

 

Protesten marsh f1

Loading...

 

Здружението на новинарите на Македонија вчера го повика Уставниот суд да дозволи новинарите да ја следат седницата, но по се изгледа дека јавноста нема да дознае што ќе се случува зад затворените врата.