Приведен кумановец за нарушување јавен ред и мир

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец бил приведен поради агресивно однесување и нарушување на јавен ред и мир.

Loading...

– На 22.09.2023 во 01.40 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Г.(22) од Куманово затоа што околу 01.00 часот на ул.„Гоце Делчев “ во Куманово го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон Н.С.(37) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга