Папата повика на прекин на непријателствата во Нагорно Карабах

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско денеска повика на прекин на непријателствата во Нагорно Карабах и на барање „мирни решенија за благосостојбата на народот и почитување на човечкото достоинство“.

Loading...

„Вчера дознав за вознемирувачки вести од Нагорно Карабах, каде и онака критичната хуманитарна ситуација се влоши поради вооружените конфликти. Ги повикувам сите инволвирани страни и меѓународната заедница да го замолчат оружјето и да вложат максимални напори за изнаоѓање мирни решенија за благосостојбата на народот и почитување на човечкото достоинство“, рече Папата за време на генералната аудиенција во ватиканскиот плоштад Свети Петар.

Азербејџан испрати војници поддржани од артилерија за да го нападнат отцепениот регион Нагорно-Карабах, контролиран од Ерменија, во вторникот, оставајќи десетици цивилни жртви и зголемувајќи ја заканата од нова војна со соседна Ерменија, објави Ројтерс.