Скопјанец тешко повреден откако со автомобил удрил во метални колобрани кај селото Градиште

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен скопјанец со иницијали А.Т. вчера бил повреден во сообраќајна незгода која се случила околу 17:40 часот кај месноста викано „Мешин брез“ во селото Градиште, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето А.Т. управувајќи со патничко моторно возило марка „Хјундаи Купе“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во метални колобрани. Во незгодата А.Т. се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница -Куманово, но поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Ургентен центар – Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.