Москва и Пекинг имаат слични ставови за САД и Украина

Сподели со своите пријатели

Москва и Пекинг се на иста страна во однос на Соединетите Американски Држави (САД) и решавањето на конфликтот во Украина, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Loading...

Во соопштението објавено по разговорот меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и Ванг Ји, Министерството потсети на блиските врски што ги обединуваат двете земји.

Во текстот се подвлекуваат „слични“ позиции наспроти „акциите на САД на меѓународната сцена, вклучувајќи ги и оние од антируска и антикинеска природа“.

„Официјалните лица детално разговараа за моменталната состојба на ситуацијата во Украина, истакнувајќи ја залудноста од обидот да се реши кризата без да се земат предвид интересите на Русија и без учество на Русија“, се наведува во документот.