Масовен напад на украинско пристаниште во Одеса

Сподели со своите пријатели

Украинската војска утринава соопшти дека руските сили извршиле „голем“ ракетен и беспилотен напад врз Одеса во јужна Украина.

Loading...

Се уште се проценуваат последиците од нападот, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 18 од 24-те камикази дронови кои летале кон регионите на Миколаев и Одеса, пренесува Ројтерс.

Тие тврдат дека ги уништиле сите 17 крстосувачки ракети кои биле лансирани од југозападниот руски регион Волгоград.

Ракетите се уништени во регионите Дњепропетровск, Полтава и Хмелницки.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија и Германија одбиваат Украина да користи оружје надвор од сопствената територија