Две лица тешко повредени при судир на магистралата Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Две лица се тешко повредени при судир на „форд“ и камион на крстосницата меѓу магистралата Куманово – Крива Паланка и Ранковце – село Герман.

Loading...

– На 15.09.2023 во 13.00  часот, било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово- Крива Паланка и регионален пат Ранковце-с.Герман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.К.(59) од Крива Паланка, и товарно моторно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(53) од с.Костурино, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот К.К. и неговата сопатничка Р.К.(31) од Крива Паланка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Првин сонце, па потоа дожд

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Никола Ивановски