Четири лица се повредени, од кои едно потешко, откако автомобил излетал од автопатот Куманово – Скопје кај Агино село.
– На 14.09.2023 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Агино Село, кумановско, патничко возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.М.(63) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како тшо додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници, Г.Ј.(58) од Куманово, З.В.(60) од с.Проевце, кумановско и Л.Ј.(63) од с.Доброшане, кумановско, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски