Мексикански полицајци прогласени за виновни за убиството на 17 мигранти

Сподели со своите пријатели

Судот во Мексико осуди 12 полицајци на повеќегодишни затворски казни за убиство на 17 мигранти и двајца шверцери во 2021 година, објавија локалните медиуми.

Loading...

Еден од обвинетите, кој соработувал со истражните органи, е ослободен од обвинението за убиство и ќе биде осуден на затворска казна од две до девет години за злоупотреба на службената положба.

Останатите полицајци, кои се обвинети за убиство, ќе добијат затворски казни од 50 до 70 години.

Убиствата се случија во општината Камарго во близина на границата со САД на почетокот на 2021 година.

Мексиканските власти успеаја да уапсат 12 полицајци, додека исто толку се во бегство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Ниту еден од обвинетите, освен полицаецот кој соработувал во текот на истрагата, не ја признал вината.

Се уште не се познати мотивите за убиството.

Освен затворски казни, обвинетите ќе треба да платат и отштета на семејствата на загинатите.

Loading...