Над 370 возачи казнети за една недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дури над 370 возачи биле казнети во текот на изминатата недела поради прекршување на сообраќајните прописи.

Loading...

– Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 376 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Најголем дел од казните, 277 од нив, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

49 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола, 11 за нерегистрирано возило и 10 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гости се тепале на свадба во Куманово

Санкциониран е еден возач поради неприлагодена брзина на движење од 104 км/ч во населено место, а исто така, и еден возач на товарно моторно возило поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 1.61 промили.

Loading...

 

 

Сообраќајните контроли, додава полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски