Пред три дена Либерално-демократската партија ја одржа својата Програмска конвенција на која присуствуваа граѓани и симпатизери на ЛДП од Куманово.
По тој повод од општинскиот огранок на партијата испраќаат благодарност на сите кои присуствувале и им ја дале својата поддршка.
Претседателството на Општинската организација на Либерално-демократската партија од Куманово им се заблагодарува на сите свои членови, симпатизери и граѓани на Куманово за масовното присуство на Програмската Конвенција на партијата која се одржа на 12.03.2016 година со почеток во 19:00 часот во голема салата на Македонската опера и балет во Скопје – стои во краткото соопштение кое беше испратено до јавноста од страна на претседателот Ивица Костовски.