Шолц: Се очекува голем број загинати и повредени во поплавите во Либија

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска соопшти дека се очекуваат голем број загинати и повредени во силните поплави во Либија.

Loading...

„Се очекуваат многу мртви и повредени, особено на истокот. Нашите мисли се со сите засегнати и нивните семејства“, напиша тој на платформата Х (Твитер), пренесува Ројтерс.

Шолц додаде дека Германија стои до Обединетите нации и другите партнери во однос на испраќањето помош за таа земја.

Турција денеска објави дека испраќа три авиони со спасувачки тим и хуманитарна помош во Либија, откако речиси 2.000 луѓе загинаа во поплавите во либискиот град Дерна.

Стејт департментот објави дека САД се координираат со партнерите во Обединетите нации и со либиските власти за начините за помош во форма на спасувачки и хуманитарни акции во Либија.

Силната бура „Даниел“ што во неделата ја зафати источна Либија донесе обилни дождови кои предизвикаа поплави, а оштетени се куќи и патишта, пренесува Танјуг.