Женскиот кошаркарски тим ЖКК Куманово го комплетираше својот состав за престојната сезона.
Во тимот пристигнаа Џенај Камп како и добро познатата кошаркарка на македонската јавност Снежана Алексиќ.
Тие се приклучија на тимот и го одработија својот прв тренинг во новата средина.
Камп доаѓа од САД и досега има играно на тамошниот колеџ. Игра на позиција центар и нејзината карактеристика која ја прави доминантна е играта во дефанзива.
Од клубот се изјаснија дека токму таков профил на играч им недостасуваше во ростерот.
Снежана Алексиќ доаѓа од шпанскиот прволигаш Естепона и игра на позиција бек.
Нејзиното големо искуство ќе придонесе тимот да ја добие стабилноста во играта како во нападот така и во одбраната.
Натпреварувачката сезона се очекува да стартува кон почетокот на следниот месец, а ЖКК Куманово е единствениот кошаркарски прволигаш во градот.
Никола Ивановски