Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие интервенирале на пет различни локации претежно на запалени сува трева и стрништа.
Првата интервенција била на опожарена сува трева и стрниште во атарот на селото Решица. Таму гаснеле тројца пожарникари во период од 12:25 до 13:35 часот.
Кај месноста Менкова колиба гореле исто така сува трева и стрниште во период од 13:30 до 14:15 часот.
Сува трева и стрниште гореле и во атарот на селото Никуштак, каде тројца пожарникари интервенирале во период од 16:45 до 20:50 часот.
Сличен пожар во период од 18:20 до 22:40 часот кумановските пожарникари гаснеле и во месноста Пироќански лозја.
До Спомен Костурницата гореле сува трева и стрниште при што интервенирале тројца пожарникари од 18:35 до 21:50 часот.
Во текот на ноќта екипа од тројца пожарникари гаснела запалена сува трева и стрниште во селата Слупчане и Оризаре. Пожарот избувнал некаде околу 20:50 часот, а интервенцијата траела до 40 минути по полноќ. Екипата според последните информации се уште е на терен.
Пожар вчеравечер имало и во селото Руѓинце каде интервенирала екипа на ТППЕ Старо Нагоричане во период од 19:40 до 22:40 часот.
Никола Ивановски