Бајден: Нема место за „белата супериорност“ во Америка

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го осуди убиството на тројца Афроамериканци во Џексонвил, Флорида, велејќи дека „нема место за супериорност на белата боја“ во САД.

Loading...

„Не смееме да си дозволиме да живееме во земја во која афроамериканските семејства кои одат на шопинг, или афроамериканските студенти кои одат на училиште, живеат во страв дека некој ќе ги убие поради бојата на нивната кожа“, рече Бајден, според веб-страницата на Белата куќа.

Белецот кој го изврши убиството во Џексонвил имал нацртан кукаст крст на пушката, а пред злосторството објавувал пораки со омраза кон црнците, додека локалниот шериф оценил дека пукањето било расно мотивирано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Њујорк планира да наплаќа за возење низ Менхетен, еве колку ќе чини

„Омразата не смее да има безбедно засолниште. Молкот е соучесништво и затоа не смееме да молчиме“, рекол американскиот претседател, пренесе Танјуг.

Федералното биро за истраги (ФБИ) го истражува пукањето како злосторство од омраза.

Откако го извршил злосторството во продавницата Dollar General во Џексонвил, Флорида, убиецот извршил самоубиство.