Пожарот во Тенерифе е најсериозен во Шпанија досега

Сподели со своите пријатели

Пожарот на островот Тенерифе, дел од Канарскиот архипелаг, е најсериозниот пожар во Шпанија оваа година, кој зафатил 6,7 отсто од површината на островот.

Loading...

Според локалните власти, наскоро ќе биде ставен под контрола.

„Пожарот во Тенерифе е див и непредвидлив, а пламенот се разви со таква жестокост што создаде своја микроклима и ги негираше прогнозите на метеоролозите“, рече претседателката на советот на островот, Роза Давила, пренесе Ројтерс.

До понеделник напладне пожарот на овој остров им се закануваше на 11 општини на површина од 13.800 хектари или 6,7 отсто од вкупната површина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

За споредба, пошироката област на градот Барселона едвај зафаќа 10.000 хектари, според податоците на шпанското Министерство за транзиција на животната средина и демографски предизвик.

Помеѓу островите на Канарските архипелаг, Тенерифе има најголема површина покриена со шуми – 50.000 хектари шумски површини со голем дел од многу стари ловорови шуми.

„Гледаме дека ситуацијата е многу помирна“, изјави претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавио за весникот „Ел Паис“, а директорот на службите за итни случаи, Федерико Грило, кој дојде во Тенерифе за да учествува во гаснењето на пожарот, рече дека пожарот ќе најверојатно наскоро ќе се стабилизира, пренесува Танјуг.