Сува трева и стрништа вчера гореле на неколку локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Сува трева и стрништа гореле на неколку локации во последното деноноќие во Куманово и Липково, информираат од Регионалниот  центар за управување со кризи.

Loading...

Во атарот на липковско Ваксинце вчера гореле сува трева и сстрниште при што интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Пожарникарите огнот го гаснеле со часови односно од 11:50 до 18:30 часот, а причина за избувнување на исиот е човечки фактор.

Стрниште и сува трева гореле и на улицата „120“ во населбата Карпош, каде интервенирале двајца пожарникари. Причина за пожарот бил паднат електричен столб.

Во атарот на селото Романовце вчера во период од 17:20 до 17:50 часот горела сува трева при што интервенирале двајца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водата од чешмите во Проевце е безбедна за пиење

Пожарникарите подоцна имале уште една интервенција во Романовце овој пат на селските гробишта каде горела сува трева. Тројца пожарникари го гаснеле пожарот во период од 20:50 до 22:10 часот.

Никола Ивановски