Соединетите Американски Држави денеска одобрија продажба на израелско-американскиот противракетен одбранбен систем Arrow-3 на Германија за вкупна вредност од 3,5 милијарди долари.
Овој договор е најголемиот воен договор во историјата на Израел, соопшти израелското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.
Израел и Германија ќе потпишат писмо за намери со аванс од 600 милиони долари за започнување со работа на овој проект, се вели во соопштението и се додава дека целиот договор ќе биде потпишан до крајот на 2023 година.
Соединетите Американски Држави се партнери во проектот Arrow, кој заеднички го развија израелската организација за ракетна одбрана и Американската агенција за ракетна одбрана.
Војната на Русија во Украина го изложи проблемот со недостигот на копнени системи за противвоздушна одбрана како што се Rayton, Patriot или поновиот систем IRIS-T во многу западни земји.
Додека Patriot и IRIS-T покриваат воздушен простор до средна височина, хиперсоничниот антибалистички ракетен систем Arrow-3 произведен од израелската компанија Aerospace Industries и американскиот Boeing се користи за одбрана на егзосферата, највисоките слоеви на атмосферата на Земјата.