Германската влада ја повлече својата одлука да преземе законска обврска за исполнување на воените трошоци за НАТО од два отсто годишно, изјави извор од германската влада.
Loading...
Според извештаите, споменатата клаузула во нацрт-законот за буџетско финансирање, кој беше усвоен од кабинетот на канцеларот Олаф Шолц, за краток временски период е избришана, пренесе Ројтерс.
Сојузниците на НАТО во минатото остро го критикуваа Берлин дека не троши два отсто од својот бруто домашен производ годишно за одбрана.
Нејасно е дали Германија ќе го задржи споменатото ниво на трошоци за воени потреби над овој праг кога ќе потроши посебен фонд од 100 милијарди евра.