Како подготовка за претстојното влијание на тајфунот Лан, авиокомпаниите и железниците во Јапонија ги откажаа услугите во централните делови на земјата, каде што се очекува најсилното влијание на бурата.
Лан е седмата тропска бура во сезоната и денес се движи северозападно кон Јапонија преку Тихиот Океан со брзина од 15 километри на час, со максимални ветрови од 139 километри на час и налети до 195 километри на час.
Надворешниот раб на бурата се прогнозира дека утре наутро ќе стигне до брегот на префектурата Вакајама, пред да се упати на север над градовите Осака и Кјото, а јапонските власти предупредуваат на силен дожд и ветер, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето.
Ројтерс јавува дека тајфунот Лан доаѓа по тајфунот Канун, кој го погоди северозападниот дел на Пацификот, пред да ја погоди јужна Јапонија.