Кумановските пожарникари вчера имале шест интервенции

Сподели со своите пријатели

Шест интервенции на помали пожари на отворено бележат во текот на изминатото деноноќие пожарникарите на ТППЕ Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првин гаснеле пожар во атарот на село Режановце кон село Речица во период од 13:25 до 14:00 часот.

Втората интервенција била во атарот на село Романовце покрај автопатот Куманово – Скопје каде во близина на бензинска пумпа било запалено стрниште. Тројца пожарникари гаснеле во период од 19:40 до 23:25 часот.

На потегот на селата Студена Бара – Дељадровце – Ново Село, горело стрниште. Таму исто така интервенирале тројца пожарникари во период од 20:50 до 23:30 часот.

Стрниште горело и во Агино село каде во период од 21:50 до 23:35 часот интервенирале тројца пожарникари.

Двајца пожарникари во период од 22:35 до 00:40 часот утринава гаснеле запалено стрниште во атарот на селото Черкези.

Во селото Горно Којнаре исто така горело стрниште. Таму рано утринава интервенирале тројца пожарникари во период од 05:00 до 05:40 часот.

Никола Ивановски

Loading...