Бројот на загинати во поплавите во провинцијата Хебеи во северна Кина се искачи на најмалку 29, објавија денеска државните медиуми.
Ова се случи по рекордните дождови што ја погодија областа во последните недели.
„До 10 август, како последица на катастрофите во провинцијата Хебеј загинаа 29 лица, од кои шест се водат како исчезнати. Се уште има 16 исчезнати лица“, јави јавната телевизија ЦТВ.
Улиците во некои делови на провинцијата Хебеј, која се наоѓа на периферијата на Пекинг, беа покриени со кал кога новинарите на агенцијата Франс прес го посетија местото во средата.
Жителите се обидуваат да го спасат својот имот и да ги расчистат оштетените куќи.
Најмалку 33 лица, вклучително и спасувачи, загинаа во Пекинг во силните бури и поплави на крајот на минатиот месец, соопштија кинеските власти оваа недела, пренесе Бета-Франс прес.
Повеќе од десет лица загинаа и во провинцијата Џилин на североистокот на земјата, по минатонеделните обилни дождови.
Милиони луѓе беа погодени од екстремни временски настани и продолжени топлотни бранови ширум светот во последните недели, а овие настани беа влошени од климатските промени, велат научниците.