Овие земји го забранија филмот „Барби“

Сподели со своите пријатели

Новиот филм „Барби“ со недели ги освојува светските кина, но иако во многу земји во светот филмот собори рекорди на гледаност, во други е забранет.

Loading...

Ќе разберете дека „Барбиманија“ навлезе во секоја пора на општеството ако забележите дека розовата боја доминира околу вас, без разлика дали се работи за маркетиншки решенија на компании кои сè повеќе одлучуваат да го следат воскреснатиот тренд на најпопуларната кукла од деведесеттите или се тоа девојките кои се повеќе шетаат по улица облечени во розова облека.

Сепак, не сите земји одлучија да го следат најинтензивниот светски тренд во моментов, па некои решија да го забранат филмот кој веќе ги собори сите рекорди на гледаност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

Еве кои земји го забранија прикажувањето на филмот „Барби“:

Кувајт го забрани хит филмот „Барби“ во кината поради загриженост за „јавен морал“

Кувајт одлучи да го забрани „Барби“ како и хорор филмот „Talk to me“ затоа што „шири странски верувања во кувајтското општество“, изјави шефот на Одборот за цензура за кинематографија, Лафи ал-Субаи за официјалната новинска агенција КУНА.

Земјите од Заливот, вклучувајќи ги Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија, кои ја забрануваат хомосексуалноста, рутински ги цензурираат филмовите доколку алудираат на ЛГБТ заедницата.

Неодамна најновиот анимиран филм „Spider-Man“ беше забранет поради сцена во која се гледа знамето на ЛГБТ виножитото.

Либан забрани прикажување на филмот „Барби“ во кино поради „промоција на хомосексуалноста“

Имено, либанската министерка за култура забрани прикажување на филмот „Барби“ во кината во земјата, оценувајќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и дека е против верските вредности, објави претходно Ројтерс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска вооружена група Хезболах, чиј шеф Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан.

Филмот „Барби“ забранет во Виетнам поради спорна мапа во една сцена

Виетнам беше меѓу првите земји што го забранија „Барби“ поради сцената на која се прикажува мапа на која се прикажани спорните територијални претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.

Како што јави Би-Би-Си, не е прецизирано во која конкретна сцена може да се види картата со спорните „девет цртички“, која виетнамските власти ја оценија како „навредлива“.

За потсетување, филмот за најпопуларната кукла на светот повторно има оцена Pg-13, која му ја додели организација која одредува дали некоја содржина е погодна за возраст под 18, 16 и 13 години, што значи дека не е погоден за деца под 13 години и дека е неопходен родителски надзор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

Оваа организација заклучи дека филмот вклучува теми кои им се попознати на возрасните отколку на децата, на пример, разговори за смртта и егзистенцијалната криза, а некои шеги се сатирични и, според дистрибутерот, неразбирливи за децата.

Се користи и вокабулар несоодветен за деца, кој вклучува пцовки и сугестивни референци за содржина несоодветна за деца под 13 години.