Десетици повредени во земјотрес на југот на Турција

Сподели со своите пријатели

Најмалку 23 лица се повредени во четвртокот вечерта кога земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција, шест месеци по катастрофалните земјотреси што го погодија истиот турски регион, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на ДПА.

Loading...

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од пад или скок од голема височина.

Центарот за следење на земјотресот во Истанбул извести дека земјотресот се случил во четвртокот во 20:47 часот по локално време.

Неговиот епицентар бил во малиот град Јесилјурт во провинцијата Малатија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шериф упаднал во судницата во Кентаки и го изрешетал судијата

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа годинава

Покраината Малатија беше меѓу тешко оштетените од земјотресот на 6 февруари годинава.

Градоначалникот Селахатин Гуеркан рече дека околу 2.300 луѓе загинале во турскиот град.

На 6 февруари, два големи и многу последователни потреси ја опустошија југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.