Бајден: Кина е темпирана бомба

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече Кина „темпирана бомба“ поради економските предизвици со кои се соочува земјата, пренесува Танјуг.

Loading...

„Тие имаат некои проблеми. Тоа не е добро, бидејќи кога лошите момци имаат проблеми, тие прават лоши работи“, рече Бајден на политички митинг во државата Јута, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Пекинг е во неволја, истакнувајќи дека не сака да и наштети на Кина, туку дека сака рационален однос со таа земја.

Неговите изјави се однесуваат на падот на кинеската економија во дефлација, наведува британската агенција, додавајќи дека Кина можеби влегува во ера на многу побавен економски раст, со стагнирачки потрошувачки цени и плати.

Забрана за инвестиции

Во средата, американскиот претседател потпиша извршна наредба со која се забрануваат одредени американски инвестиции во Кина во секторот на полупроводници и микроелектроника, секторот за квантна информатичка технологија и во доменот на одредени системи за вештачка интелигенција.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на САД сериозно ги нарушува принципите на пазарна економија и фер конкуренција.

„Ова е чин што го поткопува меѓународниот економски и трговски поредок, ги дестабилизира глобалните синџири на снабдување и им штети на интересите и на Кина и на САД и на глобалната деловна заедница“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.