Шеесет и двегодишниот Ќ.А. од селото Ваксинце заработил кривична пријава од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, на 05.03.2016 година, во 10:50 часот во кумановското село Ваксинце од страна на полициски службеници беше извршен претрес во домот на пријавениот при што беа пронајдени 15 мигранти од Иран и Еритреја.