Во сообраќајната незгода која вчера околу 13:50 часот се случила на крстосницата од улиците „Тонко Димков“ и „Бајрам Шабани“, пешак се задобил со сериозни повреди при што бил префрлен на скопскиот Ургентен центар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
До незгодата дошло кога товарно моторно возило марка „Фап“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, управувано од В.Ќ. (63) од Куманово удрило во пешакот С.А. (45) од исто така одКуманово.
Во незгодата пешакот со иницијали С.А. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Општа Болница – Куманово, поради сериозноста на повредите, истата била пренесена во Ургентен центар – Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово.