Единаесет лица се водат како исчезнати во пожар што избувна во викендица во Алзас, на североистокот на Франција, соопштија денеска локалните власти.
Loading...
Куќата за одмор во Винсен, во близина на Колмар, ја изнајмило француско здружение кое се грижи за млади луѓе со посебни потреби, објави ТВ станицата France 3 Grand Est, а пренесува Фигаро.
Пожарот избувнал рано утринава во куќа од 500 квадратни метри во која биле сместени млади луѓе кои дошле на одмор од Нанси.
Евакуирани се 17 лица, од кои едно е хоспитализирано. Пожарот брзо бил ставен под контрола.