Голема полициска акција во Австралија: 19 мажи обвинети за сексуална злоупотреба, спасени 13 деца

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Австралија обвини 19 мажи за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и спаси 13 деца од понатамошно злоставување, по дојавата на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) за меѓународна онлајн криминална мрежа, соопштија денеска австралиските власти.

Loading...

Деветнаесет мажи се обвинети за вкупно 138 прекршоци поврзани со споделување видео и фотографии на дарк нет, од кои повеќето се професионалци за информатичка технологија со висок степен на техничка компетентност, изјави командантот на австралиската федерална полиција Хелен Шнајдер, пренесе АП.

Според неа, мажите, на возраст меѓу 32 и 81 година, го користеле софтверот за анонимно споделување датотеки, разговори и пристап до веб-страници во мрежата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Шнајдер рече дека 13 деца во Австралија биле спасени како резултат на истрагата.

Двајца од 19-те мажи веќе се осудени на речиси 15 години затвор во австралиската престолнина територија и пет години во државата Нов Јужен Велс, рече Шнајдер.

Шнајдер истакна дека осомничените биле членови на технолошки софистицирана онлајн мрежа за злоупотреба на деца која оперирала низ цела Австралија.

ФБИ минатата година ги предупреди австралиските власти за постоењето на мрежата.

Правното аташе на ФБИ во Австралија, Нитијана Ман, рече дека 79 лица биле уапсени во САД како дел од истата истрага, а 43 биле осудени за злоупотреба на деца.

Loading...

Ман рече дека ФБИ ги предупредило другите земји, но таа не кажа кои.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада