Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против 29 лица кои се теретат за тероризам и рушење на државниот поредок и тоа со сослушување на нови сведоци.
Неколку нови сведоци денеска треба да сведочат пред судијата, а до сега десетина лица дадода свои искази по предлог на Обвинителството, од кои поголемиот дел жители на самата населба, како и нивни соседи.
На минатото рочиште што се одржа во вторникот сведочеше и командирот на обвинетиот полицаец Арсим Бајрами, кој се сомничи за логистичка поддршка на терористите.
Зоран Станојковски, командир во полициската станица Пелинце, опиша што се случувало на 9 мај кога почна вооружениот судир во Куманово. Рече дека лично го познава обвинетиот Арсим Бајрами и дека му бил надреден.
И денешното судење ќе се одвива под будно око на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи.