Машина за алишта предизвикала пожар во куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќа во Куманово вчера била опожарена откако се запалила машина за перење алишта, информираат денеска надлежните.

Loading...

– На 06.08.2023 во 12.21 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ настанал пожар во куќа сопственост на В.С.(60) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека интервенирале петмина пожарникари во период од 11:40 до 12:50 часот по дојава за запалена машина за перење.

Како што додаваат од полицијата, во пожарот нема повредени лица, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на горивата остануваат исти и оваа недела

Никола Ивановски