Кумановец во населено место возел 138 километри на час

Сподели со своите пријатели

Полицијата викендов на подрачјето на Куманово изрекла вкупно 117 санкции за непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

Меѓу казнетите е и возач за пребрзо возење, кој во населено место возел со брзина од 138 километри на час.

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 117 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи

Најголем дел од казните, или 77 биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово е подготвено за првиот снег (ВИДЕО)

23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило и 3 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.

Сообраќајните контроли, како што посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...