Шокантни тврдења на украинските разузнавачи: Уапсен руски шпион, планирал да го убие Зеленски!

Сподели со своите пријатели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека уапсила руски разузнавач „кој подготвувал воздушен напад во регионот на Миколаев за време на посетата на претседателот на Украина“.

Loading...

Наводниот шпион „собрал разузнавачки информации за посетата на претседателот на Украина на Миколаевската област неодамна“, соопшти SBU.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети тој регион на крајот на јули.

СБУ во соопштението наведе дека наводниот заговорник „се обидел да го одреди времето и списокот на локации кои се блиску до рутата на Зеленски“.

Меѓутоа, агентите на СБУ добиле информации за „субверзивните активности на осомничениот“ и активирале дополнителни безбедносни мерки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември

Според истрагата, меѓу заговорниците има и жител на Очаков на југот на Украина и поранешна продавачка во воена продавница.

Таа наводно патувала низ територијата на Миколаев и ги снимила локациите на украинските објекти, пренесува Си-Ен-Ен.

Со следење на комуникациите на една жена, СБУ утврди дека таа има задача да ја идентификува локацијата на складиште за муниција на Вооружените сили на Украина.

Loading...