Јужна Кореја се подготвува да евакуира десетици илјади извидници поради тајфун

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја се подготвува да евакуира десетици илјади учесници на Светското извидничко движење од крајбрежната населба Џамбори поради приближувањето на тајфунот Канун, објави денеска АП.

Loading...

Јужна Кореја ќе испрати околу 1.000 автобуси за да преместат околу 36.000 извидници од 156 земји од Џамбори, во југозападниот округ Буан, изјави заменик-министерот за внатрешни работи на Јужна Кореја, Ким Сунг-хо.

Тој рече дека повеќето од извидниците ќе бидат стационирани на локации во главниот град на земјата, Сеул и блиските метрополи, и дека официјалните лица ќе обезбедат простор во владините центри за обука и образовните институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парагвајскиот претседател хоспитализиран за време на учеството на самитот на Г20

Најавата дојде откако Светската организација на извидничкото движење соопшти дека ја повикала Јужна Кореја брзо да ги отстрани извидниците од патеката на бурата и „да ги обезбеди сите потребни ресурси и поддршка на учесниците за време на нивниот престој и додека не се вратат во нивните матични земји“.

АП јавува дека јужнокорејската метеоролошка агенција претходно соопшти дека тајфунот Канун ќе стигне до Јужна Кореја во четврток наутро, со потенцијални ветрови од 118 до 154 километри на час, како и дека големи делови од југот на земјата, вклучувајќи го и Буан, може да бидат зафатени од невремето уште во средата, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор

Тајфунот „Канун“ ја погоди Јапонија минатиот четврток, оштетувајќи домови и предизвикајќи прекин на електричната енергија на Окинава и на другите острови.

Од околу 36.000 извидници од 156 земји кои присуствуваат на Џамбори, приближно 4.500 се од Обединетото Кралство и приближно 1.000 се од САД.

Јужна Кореја го категоризира Канун како тајфун, односно како тропска бура со ветрови посилни од 61 километар на час.

Loading...