Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури.
Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот падна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели.
Заедно со zaginetiteво Шулан, во североисточната провинција Џилин, повеќе од 20 лица загинаа минатата недела во Пекинг и Хебеј.
Властите сè уште не го објавија вкупниот број на загинати низ целата земја.
Меѓу оние кои ги загубија животите во Шулан има и тројца службеници, меѓу кои и заменик-градоначалникот на градот со околу 587.000 жители, објавија државните медиуми.
Нивото на водата во градот се спушти на безбедно ниво и преземени се итни интервенции за преселување на жителите и поправка на инфраструктурата.
Електричната енергија беше вратена во над 14.000 домови, објавија државните медиуми.
Регионалните власти соопштија дека делови од реката Сонгхуа, голема река во североисточна Кина, и притоката на Ненџијанг останале на опасно високи нивоа.
Исто така, вратена е струја во многу поплавени подрачја во Пекинг и во провинцијата Хебеј.
Во тек се напори за обновување на струјата во североисточните провинции Џилин, Хејлонгџијанг и Лиаонинг, објави државната телевизија CCTV.