Навални: Путин не смее да ја постигне целта, пружете отпор

Сподели со своите пријатели

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални изјави денеска, откако судот го осуди на 19 години затвор, дека Владимир Путин не смее да ја постигне својата цел и ги повика Русите да не ја губат волјата за отпор.

Loading...

„Бројот на години е ирелевантен. Совршено ми е јасно дека, како и многу политички затвореници, сум во доживотна затворска казна каде што животот се мери според должината на мојот живот или животот на овој режим“, напиша Навални на Фејсбук.

Тој додаде дека казната не важи само за него, туку и за граѓаните на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми

„Вие, не јас, сте исплашени и лишени од волја за отпор. Вие сте принудени, без борба, да ја предадете вашата Русија на бандата предавници, крадци и никаквци кои ја презедоа власта. Путин не смее да ја постигне својата цел. Не губете ја волјата за отпор“, рекол Навални, пренесува Танјуг.

Судот во Русија вчера го осуди Навални на 19 години затвор под обвинение за екстремизам, откако го прогласи за виновен за основање и финансирање екстремистички организации и активности.

Навални веќе отслужува деветгодишна затворска казна за кршење на условниот отпуст, измама и непочитување на судот.

Опозицискиот политичар ги негира сите обвинувања.