Трговскиот суфицит на Германија во јуни се зголеми на 18,7 милијарди евра од 14,6 милијарди евра во мај, објави денеска германската Федерална статистичка служба – Дестатис.
Овој резултат ги надмина очекувањата на пазарот, кои прогнозираат дека германскиот трговски суфицит во јуни ќе изнесува 15,0 милијарди евра.
Суфицитот сега е најголем од јануари 2021 година, соопшти агенцијата со седиште во Визбаден.
Вкупната вредност на извозот во јуни изнесува 131,3 милијарди евра, што е за 0,1 отсто повеќе во однос на претходниот месец, но за 1,9 отсто помалку од јуни лани.
Вредноста на јунскиот извоз е 112,6 милијарди евра, што е за 3,4 отсто помалку од мај и 11,6 отсто помалку од минатиот јуни, пренесува Танјуг.
Во јуни 2023 година, Германија извезла стоки во вредност од 71,5 милијарди евра во земјите-членки на ЕУ, а увезла стоки во вредност од 60,0 милијарди евра.
Во однос на мај, извозот во ЕУ е зголемен за 1,3 отсто, додека извозот е намален за 3,1 отсто.
Во јуни 2023 година, Германија извезла стоки во вредност од 59,8 милијарди евра во земји надвор од ЕУ, а увезла стоки од овие земји за 52,6 милијарди евра.
Месечниот извоз во споменатите земји е намален за 1,1 отсто, а увозот од таму за 3,7 отсто.
Германскиот месечен извоз во САД е намален за 0,2 отсто, како и извозот во Кина – за 5,9 отсто, Велика Британија – за 0,2 отсто, Русија – за 2,3 отсто, додека истовремено е зголемен увозот од Кина – за 5,3 отсто, и Русија – за 16,5 отсто.