Се разведува канадскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Канадскиот премиер Џастин Трудо во средата објави дека се разделува од сопругата Софи.

Loading...

Во објава на Инстаграм напиша дека тој и неговата сопруга „по многу тешки разговори“ донеле одлука да се разделат.

„Како и секогаш, ние остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и за она што го изградивме и ќе продолжиме да го градиме“, напиша Трудо.

Тој додаде дека за благосостојба на нивните деца „бараме да ја почитувате нашата и нивната приватност“.

Џастин Трудо (51) и неговата сопруга Софи Грегоар Трудо се во брак од 2005 година и имаат три деца.