ЕУ повикува на одговорност за пучот во Нигер за нападот врз цивили и амбасади

Сподели со своите пријатели

Европската унија (ЕУ) денеска објави дека ги смета пучистите кои ја презедоа власта во Нигер за одговорни за „секој напад врз цивили и дипломатски персонал или згради“, по нападот на нивните поддржувачи врз француската амбасада во Нијамеј.

Loading...

„ЕУ брзо и решително ќе ги поддржи одлуките на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС)“, која вчера нареди економска блокада на Нигер, се вели во соопштението на високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел.

Западноафриканските земји вчера воведоа економска блокада на Нигер, со што беа запрени сите трговски и финансиски трансакции со земјата, и и поставија седумдневен ултиматум на воената хунта да го врати уставниот поредок, велејќи дека не исклучува „употреба на сила“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Вчера во Абуџа, во соседна Нигерија, се одржа вонреден самит на Економската заедница на западноафриканските држави (чиј член е Нигер со 14 други земји) под покровителство на претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, кој беше на чело на на регионалната организација од почетокот на месецот.

ECOWAS побара итно ослободување на претседателот на Нигер, Мохамед Базум, кој се наоѓа во резиденцијата на претседателската палата, и целосно враќање на уставниот поредок.